Мета: Останувам столб во одбраната на албанскиот Устав

Макфакс

10/09/2019

12:25

113

Големина на фонт

а а а

Албанскиот претседател, Илир Мета по тричасовното испрашување во парламентарната анкетна комисија изјави дека е среќен што по две години се враќа во паламентот и им порача на оние кои сакаат да го разрешат дека како претседател ќе остане во одбрана на албанскиот Устав, сѐ додека не заврши неговиот петгодишен мандат.

„Институцијата претседател до 24 јули 2022 година ќе биде цврст столб на одбрана на Уставот, демократијата, плурализмот, националниот и јавен интерес, со единствена цел, а тоа е брзо и зачленување на Албанија во Европската Унија“, напиша Мета на својот профил на „Фејсбук“.

Мета очекува средба со делегацијата на Венецијанската комисија, која по два состаноци што ќе бидат остварени во Тирана, треба да даде свое мислење околу тоа дали Мета го почитувал Уставот или не, кога ги одложил локалните избори во земјата закажани за 30 јуни, на кои инаку, не учествуваше албанската обединета опозиција.

Локалните избори во Албанија ќе бидат одржани на 13 октомври.



Спонзорирани линкови

Маркетинг