Честитката за 8 Септември наместо од Трамп пристигна од Мајк Помпео - Зеколи отворено: „Советниците на Пендаровски да објаснат зошто Трамп не му честиташе директно како на Иванов“

Точка

10/09/2019

12:15

3.204

Големина на фонт

а а а

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, упати честитки до Владата на РСМ и до македонскиот народ по повод 8 Септември, Ден на државната независност.

„Во име на Владата на САД, на народот на Северна Македонија му честитам 28 години независност“- се вели во честитката објавена од Стејт Департментот.

Државниот секретар исто така го издвоил грчко-македонскиот договор како значаен историски договор.

„Вашата постојана посветеност на принципите на демократијата и владеењето на законите, придонесуваат не само за иднината на Северна Македонија, туку и за мирот и безбедноста во регионот.

Но, тука се поставува прашањето зошто честитката не била упатена директно од претседателот на САД, Доналд Трамп?


Политичкиот аналитичар и критичар на состојбите, Арсим Зеколи вели дека годинава има некоја конкретна причина што македонскиот претседател Стево Пендаровски не доби директна честитка за 8 Септември од претседателот на САД, што не било случај во претходните години. Поранешниот претседател на Република Северна Македонија добиваше директни честитки и од Барак Обама и од Доналд Трамп.

Арсим Зеколи по тој повод се огласил отворено на социјалната мрежа Твитер и напишал:

„Можеби некој од советниците на Стевo ќе ни објасни зошто Обама и Трамп честитаа 8 Септември директно до Иванов, а годинава Помпео до граѓаните. Мора да е некое недоразбирање. Ќе објаснат советниците“ - пишува политичкиот аналитичар Зеколи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг