Судскиот совет по вторпат ќе го разгледува извештајот за разрешување на Јово Вангеловски

Макфакс

10/09/2019

11:51

552

Големина на фонт

а а а

Судскиот совет на денешната седница повторно ќе го разгледува извештајот за разрешување на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

Членовите на Советот половина час пред почетокот на седницата одржаа колегиум. Претседателот на Советот, Киро Здравев, потврди дека има точка за разрешување на претседател на суд, но не кажа за кого станува збор, поради тајноста на постапката.

Вангеловски веќе еднаш се најде како точка за разрешување, но не помина, бидејќи новиот член на Советот, Миљазим Мустафа, рекол дека му треба време да го разгледа предметот пред да одлучи како ќе гласа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг