Почнува борбата за врвот: Ќе ја оправдаат ли фаворитската улога Србија и Шпанија?

Дерби

10/09/2019

10:55

1.151

Големина на фонт

а а а

Од денеска започнува нокаут фазата на Мундобаскетот во Кина или поточно се на програмата првте две четрвтфинални пресметки и тоа Србија-Аргентина и Шпанија-Полска.

Србите и Шпанците дефинитивно се фаворити на хартија, меѓутоа ќе мора тоа да го покажат на теренот. Нашиот северен сосед пред два дена го претрпе првиот пораз по долга пауза што секако беше предупредуавње за избраниците на Александар Ѓорѓевиќ дека ќе мора да дадат нешто повеќе ако сакаат да дојдат до посакуваната цел.

Аргентина на овој шампионат ги доби сите ривали, па повеќе од јасно е дека Скола, Кампацо и компанија ќе бидат незгоден ривал за Србија во мечот кој започнува од 13 часот.

Од 15 часот пак Шпанија ќе излезе на мегдан со Полјаците кои дефиниитвно изненадија со пласманот во оваа фаза. „Црвената фурија“ ќе влезе во овој дуел по одличната партија против Србија која ако ја повтори тогаш повеќе од јасно е дека полуфиналето нема да им избега.

Последен пат овие две селекции се соочија во осминафиналето на ЕП во 2015, а Шпанија славеше со 80-66.

Останатите два четвртфинални парови САД-Франција и Австралија се играат утре во истите термин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг