Стојановиќ: Очекував ваква Македонија, имаат многу…

Дерби

10/09/2019

10:49

1.312

Големина на фонт

а а а

Селекторот на Летонија, Славиша Стојановиќ спортски го призна поразот од македонската репрезентација во Рига.

Нашите фудбалери славеа со 2-0 со што дојдоа до осмиот бод во овие квалификации што секако е важно во пресрет на самата завршница на овој циклус.

- Честитки до Македонија за победата. Почнавме многу лошо, ни се потврдуваат грешките . Не сум задоволен, иако позитивно е тоа што некои млади играчи покажаа добри работи во играта. Македонија има многу добри играчи, Пандев, Адеми, Алиоски, Елмас. Очекував ваква Македонија, дојдоа до резултат и заслужено не победија, - истакна Стојановиќ.

Во октомврскиот прозорец македонската репрезентација ја оечкуваат дуели со Словенија и Полска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг