Заев и Мицкоски на лидерска средба за иднината на СЈО

Макфакс

10/09/2019

09:43

1.064

Големина на фонт

а а а

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Собранието треба да одржат лидерска средба на која , според најавите, ќе се обидат да најдат заеднички јазик за Законот за јавно обвинителство, со кој се решава и судбината на Специјалното јавно обвинителство.

Лидерската средба е планирано да започне во 20 часот и ќе се одржи во формат еден плус четири.Во фокусот на лидерската ќе биде Законот за јавно обвинителство, но Мицкоски најави дека ќе ја отвори и темата за предвремени парламентарни избори.

Од ВМРО -ДПМНЕ го потврдија одржувањето на лидерската, но нагласија дека освен за Законот за јавно обвинителство, тема ќе бидат и предвремените избори. 

Заев во пораката за Денот на независноста меѓу другото изрази и увереност дека земјата има капацитет со двотретинско мнозинство да го донесе и Законот за јавно обвинителство. 

,,Сите случаи и евентуални случаи на криминал и корупција, како во развиените земји, мора да добијат ефикасна, праведна и правична разврска. Тоа го очекуваат граѓаните и со тоа ќе дадеме дополнителни аргументи на ЕУ, дека сме и ние цврсто определени кон правдата и изградбата правна држава”, порачаи премиерот. 

Поради скратените рокови, Законот за Јавно обвинителство се очекува да биде донесен најдоцна до 15 септември. За да биде усвоен потребно е двотретинско мнозинство. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг