Колкав е јазот помеѓу британската јавност, премиерот Борис Џонсон почувствува за време на посетата на градот Лидс, во северниот дел од земјата. Неговото интервју беше прекинато од страна на минувач, кој му порача да си оди од градот.
„Ништо не сторивте. Треба да сте во Брисел, да ги предводите Британците на преговорите, а не овде. Само си играте со нас“, рече еден жител на Лидс.
"You should be in Brussels negotiating!"
— dave ❄️ 🥕 🧻 (@mrdavemacleod) September 5, 2019
Boris Johnson floundering on the campaign trail when faced with the public pic.twitter.com/vfrjcHUMQ4
Џонсон возврати дека Британија е на работа да постигне договор со ЕУ.
“Please leave my town.”
— Alex Andreou (@sturdyAlex) September 5, 2019
“I will, very soon.” pic.twitter.com/3gqW2SwqMi
„Тоа ќе г направиме, со голема почит, ако тоа го сака опозицијата, поради што тогаш не сака вонредни избори“, рече Џонсон.
Претходно Горниот ддом на британскиот парламент го усвои законот со кој се блокира брегзит без договор на 31 октомври. Тоа го принудува премиерот да побара од Брисел продолжување на рокот за излез на Британија од Унијата до 1 јануари.