Милошески: „Писмата на Јанева од притвор се координирана акција меѓу Заев, Јанева, Рускоска и Јовески“

Точка

06/09/2019

19:30

2.554

Големина на фонт

а а а

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антони Милошески, кој е дел од групата за Законот на обвинителство, попладнево изјавил дека се далеку од договор за Законот за ЈО.

Антонио Милошески смета дека писмата на Јанева не се по нејзина иницијатива.

„Имавме повторно средба на која се дискутираше предлог законот за обвинителство, и клучните разлики остануваат без заеднички консензус. Имаме цврсти аргументи да понудиме консензус за приваќање на квалитетен Закон за обвонителство, но најмногу зависи од политичката волја и од Министерството за правда. Ме зачудува што од коалицијата СДСМ или ДУИ поднесуваат амандмани кои Владата веќе ги прифатила. Сите сме сведоци од писма од притвор. Ние имаме коментар: секој притворен обвинител, се смета дека е оддалечен од работното место, односно суспендиран. Писмата не се нејзина самостојна иницијатива, се работи за една добро координирана акција меѓу Заев, рекетарката Јанева, министерката за правда Вилма Рускоска и обвинителот Јовески“ - рече Милошоски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг