Горниот дом на британскиот парламент, Домот на лордовите, го усвоил Законот за спречување на Брегзит само еден ден откако тоа го направил и долниот дом.
Долниот дом би требало во понеделник да ги разгледа амандманите на Домот на лордови и така да ѝ овозможи на владата да го претстави законот на кралицата Елизабета II.
Предложениот закон пратениците го усвоиле во средата на 4-ти септември и му нанеле силен удар на премиерот Борис Џонсон кој на 31-ви октомври сака земјата да ја извади од ЕУ, пренесуваат од Би-би-си.
Со тој закон, кој го поддржале и опозиционите пратеници и побунетите пратеници од Конзервативните странки му се налага на премиерот Борис Џонсон да бара од ЕУ одложување на Брегзит ако нема договор за разрешување до 19-ти октомври.
Постоеле и тврдења дека оние кои се согласуваат со Брегзит би можеле намерно да го одложуваат усвојувањето на законот за да не добие согласност од кралицата пред парламентот да биде распуштен наредната недела.
Лидерот на лабуристите, Џереми Корбин, претходно изјавил дека неговите застапници бараат законот да добие согласност од кралицата пред да биде разгледано прифаќањето на Џонсоновиот предлог за распишување избори.