Британскиот преговарач Дејвид Фрост денеска во Брисел одржа втора рунда технички преговори со претставници на Европската Унија за договорот за брегзит.
Европската Унија соопшти дека сè уште чека предлози од британската влада за решавање на политичкиот ќор-сокак во врска со повлекувањето на Велика Британија од блокот, пренесува АП.
Портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто, изјави денеска дека доколку преговорите продолжат, клучно е ЕУ да добие конкретни предлози од Велика Британија за измени во договорот за повлекување, кои мора да бидат во согласност со тој договор.
Преговорите ќе продолжат следната недела.