Дали ова е нејзиното најжешко издание?: Скарлет Јохансон се појавила на црвениот тепих со фустан со предлабок шлиц

Точка

30/08/2019

16:23

5.888

Големина на фонт

а а а

Пред два дена беше официјално отворен 76-тиот по ред Венецијански филмски фестивал, а на престижниот црвен тепих покрај Бред Пит, Мерил Стрип, Џони Деп, Роберт Патинсон и други светски познати ѕвезди пристигнала и Скарлет Јохансон која ги воодушевила сите присутни со својата модна комбинација и феноменалниот изглед.

Скарлет се појавила на црвениот тепих во светкав црвен фустан со длабок шлиц, а она што особено го привлекло вниманието е големата тетоважа на нејзиниот грб.  


Фановите на славната актерка наведуваат дека таа изгледа подобро од некогаш, како и дека го освоила црвениот тепих.

Скарлет инаку втор пат по ред се најде на листата на Форбс на најплатени актерки во Холивуд, поради што критичарите наведуваат дека моментално е на врвот од својата кариера.




Спонзорирани линкови

Маркетинг