Новото засилување на Интер откри што најмногу мрази Антонио Конте

Дерби

23/08/2019

16:45

1.615

Големина на фонт

а а а

Стефано Сенси дојде како едно од поголемите засилувања за Интер во овој преоден рок.

Италијанскиот фудбалер во итневју за „ДАЗН“ зборуваше за неговиот почеток во новиот клуб, а откри и како се однесувал Конте на тренинзите.

Сенси посочи дека поранешниот стратег на Челси и Јувентус има победнички менталитет и посочи дека мразел мрзеливост на тренинзите.

– Се чувствувам добро во Интер, ми се допаѓа концептот на работа тука. Мислам дека тоа е основа за да направиме одлични резултати во иднина. Работата е пред се, а тоа секогаш се исплаќа. Со посветеност и желба може да стигнеме до нашите цели. Што се однесува до Конте, ми се допаѓа неговиот победнички менталитет, на тренинзите, дури и на едноставните натрпевари, во подготовките. Тој мрази мрзеливост и посочува дека таа е контрапродуктивна за тимот, -истакна Сенси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг