Неверојатно: Го хакирале сигналот на клучот и украле автомобил за неколку секунди

Точка

23/08/2019

11:30

1.773

Големина на фонт

а а а

Безбедносна камера снимила како крадци за неколку секунди успеваат од двор на куќа во Лондон да украдат автомобил „Тесла“ со хакирање на системот “keyless” за отклучување без клуч.

Денес речиси сите нови автомобили, посебно оние од повисоката класа имаат сиситем за отклучување и стартување на автомобилот без да биде потребно клучот да биде вметнат на специфично место.

Поради тоа, крадците на ефективен начин успеваат да го украдат автомобилот со “keyless” систем, а најдобро за тоа сведочи видеото направено од безбедносна камера во куќа во Лондон.

Еден од двајцата маскирани крадци околу вратот носи некаква електронска направа, додека во рацете држи жици високо над главата. Тој всушност со направата го пресретнува сигналот на “keyless” системот со клучот во куќата, па така автомобилот се отклучува, а другиот крадец во истиот момент влегува и го стартува автомобилот, по што двајцата бегаат.

Оваа техника е толку брза и ефикасна, по што бројката на украдени автомобили во Англија од година во година расте за десетина илјади украдени автомобили, односно по околу 20%.

Само во текот на минатата година биле украдени дури 89 илјади автомобили, а како што пренесуваат британските медиуми, на мета на нападите на “keyless” системите најчесто се автомобилите на Тесла, БМВ, Форд, Ауди, Ленд Ровер, Фолксваген и Мерцедес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг