Во невреме на полските Татри загинаа најмалку 4 лица

Макфакс

22/08/2019

21:46

1.032

Големина на фонт

а а а

Најмалку четири лица загинаа, а над 20 се повредени во ненадејно невреме на планинскиот венец Татри во Полска.

Службата за спасување соопшти дека неколку лица загинале на различни места во Татрите, планински венец на границата меѓу Полска и Словачка, јави Би-би-си.

Полските медиуми објавија дека меѓу загинатите е едно дете.

Гром удрил во голем метален крст на врвот Гевонт, каде престојувале група туристи, јави телевизијата ТВН.

Локалните медиуми објавија дека четири спасувачки хеликоптери биле испратени во областа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг