Синот на Осама бин Ладен официјално е мртов: Смртта на наследникот на „Ал каеда“ ја потврди американскиот министер за одбрана, но ниту тој не знае детали

Точка

22/08/2019

21:22

2.985

Големина на фонт

а а а

Американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, ја потврдил смртта на Хамза бин Ладен, еден од синовите на убиениот водач на терористичката мрежа „Ал каеда“, Осама бин Ладен.

Оваа информација неофицијално била објавена од страна на американските медиуми кон крајот на јули.

На прашањето за смртта на наводниот наследник на лидерската позиција во „Ал каеда“, Еспер, не презентирал детали за операцијата за време на која бил убиен, пренесува „Хина“.

„Не ги знам деталите. Да ми беа познати, ќе ги споделев со вас“, рекол новиот шеф на Пентагон.

Американските медиуми објавиле дека Хамза бин Ладен бил убиен и дека САД учествувале во операцијата за негова ликвидација, но неговата смрт досега не беше официјално потврдена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг