Апокалиптична сцена: Илјадници мртви птици паднале од небото, а еве и зошто!

Точка

22/08/2019

14:07

3.067

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 11.000 птици во подрачјето на Монтана паднале мртви од небото, а жителите оваа страшна сцена ги исплашила многу.

Мртвите птици биле насекаде, а очигледно настрадале поради големото невреме.

Додека жителите на Монтана ги пресметуваат штетите на посевите и куќите кој ги направил градот со големина на бејзбол топка, експертите кои се занимаваат со чување на природата ги бројат мртвите патки и барски птици кои настрадале во текот на невремето.

Околу третина од птиците околу Големото езеро угинале или пак преживеале сериозни повреди во текот на невремето, а ветерот дувал околу 112 километри на час.

Биологот и експерт за диви животни, Џастин По истакнува дека меѓу птиците кои преживеале на езерото има околу пет отсто диви патки и околу 40 отсто пеликани и корморани. На многу од птиците им се скршени крилјата или пак имаат повреда на внатрешните органи.

Подрачјето околу Големото езеро е мочурливо, а на ова езеро живеат околу десетина видови птици како што се патки, гуски, корморани, пеликани, галеби...

Невремето во градот погодило дури 13.000 птици од кои поголемиот дел угинале. Птиците од крајбрежјето се тргнати дури четири дена подоцна. Се претпоставува дека многу од повредените птици нема ни да преживеат.

Експертите се загрижени дека толкавиот голем број мртви птици може да донесе до ширење на болести кои би можеле да се пренесат на останатите птици во локалното подрачје.

Експертите ќе продолжат да ја следат ситуацијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг