Водел седница и го хранел бебето на својот колега: Претседателот на Претставничкиот дом на Нов Зеланд го воодушевил светот со својата постапка

Точка

22/08/2019

10:46

1.861

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Претставничкиот дом на Нов Зеланд, Тревор Малард, за време на парламентарната расправа го хранел бебето на еден од претставниците во тоа законодавно тело.

Милард на Твитер објавил фотографија од себе како го храни детето на пратеникот Тамати Кофеј додека ја води седницата. Лабуристичкиот пратеник Тамати Кофеј го објавил раѓањето на својот син во јули. Детето е родено преку сурогат мајка, а биолошки татко на детето е партнерот на Кофеј, Тим Смит. 

Кофеј во средата прв пат присуствувал на седница по враќањето од породилно отсуство, а со себе го земал и својот син.

Претседателот на тоа законодавно тело, Тревор Малард, воедно и татко на три деца, ја преземал улогата на дадилка, но истовремено ја водел и седницата.

Фотографијата на Твитер ја споделил и пратеникот на Зелените, Герет Хјуз, кој напишал дека е прекрасно да се има бебе во Пратеничкиот дом.

Кофеј е последен во низата политичари кои го донеле своето бебе на работното место, откако тоа, меѓу другите, го направиле и британската пратеничка Џо Свинсон, како и австралиската сенаторка Лариса Вотерс.

Во септември минатата година, премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, станала првата политичарка во историјата која го донела своето бебе на заседавањето на Генералното собрание на Обединетите Нации.



Спонзорирани линкови

Маркетинг