Елегантна тоалета за средба со Путин на плажа: Брежит Макрон со ова издание ги изненади и модните критичари!

Точка

21/08/2019

19:39

4.631

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател на првата дама на Франција ѝ подарил букет цвеќе.

Рускиот претседател, Владимир Путин и претседателскиот пар на Франција, Емануел и Брижит Макрон вчера се сретнале во летната куќа на Макрон, во рамките на тврдината Брегантон на Средоземното море.


За оваа прилика Брижит повторно ја покажала својата вештина за модни погодоци, како една вистинска Парижанка и целосно ги воодушевила фановите и модните критичари.

Имено, за средбата со рускиот претседател избрала небесно сина тоалета до колена, со симетрични детали, мали изрези и златни детали на струкот.


Со тоалетата искомбинирала валкано бели шпиц салонки со висока штикла, а стајлингот дополнителен ефект добил со прстенот и гломазната нараквица.

И покрај повредата на раката, Брижит на некое време ја тргнала лонгетата, но подоцна ја вратила, бидејќи не можела да ја поднесе болката.


Дури и на оние кои постојано се трудат да ѝ најдат некоја мана, овој пат тоа не им успеало. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг