Арнолд Шварценегер во одлична форма после нападот

Супермен

21/08/2019

15:50

3.059

Големина на фонт

а а а

Актерот Арнолд Шварценегер во мај оваа година прими удар во грбот, но тоа не го спречило да продолжи да вежба.

Имено, на еден спортски настан Арнолд бил нападнат и отпозади во грбот примил удар. Минатата година актерот објавил видео-снимка на Инстаграм во која покажува како прави напорни вежби за грбот.

Боди-билдерот и поранешниот гувернер на Калифорнија, направил серија од 12 повторувања со најголемата тежина и покажал дека грбот му е во одлична состојба после нападот.

„Сакаш да продолжам уште? Во ред“, вели Арнолд во видео снимката.

Напаѓачот кој скокнал и го удрил актерот бил веднаш исфрлен, пренесува „Men's health“. Тој ги уверил сите околу себе дека е добро, но не бил свесен дека некој го удрил сè додека не ја погледнал видео снимката од нападот.

Овој 72-годишен актер, може да се пофали со одична кондиција и сила.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk