Педофилот Епстајн го потпишал тестаментот само 2 дена пред смртта: Еве кој е во трка за имотот од 577 милиони долари!

Точка

20/08/2019

10:24

2.983

Големина на фонт

а а а

Новите судски записи покажуваат дека милионерот Џефри Естајн, кој бил вклучен во сексуалниот скандал во врска со подведувањето на малолетнички, потпишал тестамент само два дена пред да си го одземе животот во затворот на Менхетн.

Записите покажуваат дека неговиот имот вреди повеќе од 577 милиони долари, но не се наведуваат детали за наследниците. 

Адвокатската компанија ја потврдила автентичноста на тестаментот, кој прво бил објавен во New York Post.

Неколку наводни жртви на Епстајн најавиле дека ќе бараат неговиот имот како надомест да се подели на сите лица за кои е докажано дека ја трпеле неговата тортура.

Адвокатот на Епстајн, Вилијам Блум, рекол дека сите барања во врска со распределбата на имот на милионерот ќе бидат "праведно решени".



Спонзорирани линкови

Маркетинг