Дали некој му верува? Путин тврди дека нема опасност од радијација после мистериозната експлозија во ракетната база

Точка

20/08/2019

10:30

343

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека нема опасност после експлозијата во која загинаа 5 лица на 8-ми август во база за лансирање на ракети на северот на Русија.

На конференцијата за новинарите во пресрет на неговата средба со францускиот претседател Макрон, Владимир Путин изјави дека „нема никаква опасност, ниту пак зголемување на нивото на радијација после експлозијата“.

„Испративме експерти на местото на експлозијата и тие ја контролираат ситуацијата“, изјави рускиот претседател и додаде дека биле превземени сите превентивни мерки за ништо непредвидливо да не се случи.


На 10-ти август од руската нуклеарна агенција „Росатом“ објавија дека два дена претходно, во експлозија во ракетна база во Архангелск на северот на Русија загинале пет лица. После несреќата, од руското Министерство за одбрана ја исклучија можноста за радиоактивно загадување во регионот.

Сепак, од градската управа на населено место во близина на ракетната база каде што се случила експлозијата, открија дека било забележано кратко зголемување на радиоактивноста, по што таа објава на социјалните мрежи за кратко време беше избришана.


Откако настана паника кај локалното население, руските власти признаа дека несреќата била поврзана со „новото вооружување“.

На 15-ти август норвешката управа за нуклеарна безбедност наведе дека неколку дена после експлозијата во руската база, биле откриени траги на радиоактивен јод во подрачјата кои што граничат со Русија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг