Уловил риба од 80 килограми па за малку ќе станел нејзин плен: Риболовецот од Флорида не можел да верува како завршил неговиот улов!

Точка

19/08/2019

18:47

3.761

Големина на фонт

а а а

Риболовецот кој од морето се обидел да го извлече својот плен, голема риба од видот тарпон, многу се изненадил кога од рацете му ја зел морско куче.

Кога Роберт Горт го уловил големиот тарпон посакал да се фотографира со него, а не ни претпостаувал дека за својот плен ќе мора да се бори со уште поголем предатор.

„Го фатив со рацете, како и секогаш за да се фотографирам, но потоа едно големо морско куче ми го истрга од рацете. Не можев да верувам што се случува“ - раскажал за ABC.

Додал дека рибата била тешка околу 80 килограми.

„Замислете тогаш колкаво било морското куче“ - вели тој.

Бидејќи на Флорида е илегално на брод да се извлече риба долга околу 100 центиметри, Горт не можел да направи ништо освен беспомошно да гледа како морското куче му ја зема од рацете.

„Ми беше жал за рибата. Тоа е неверојатен вид од кој успевам многу добро да заработам. Имаме голема почит кон нив, но ништо не можев да направам“ - изјавил Горт.

Горт со риболов се занимава околи 22 години, но вели дека ваква “средба“ никогаш нема да заборави.

„Сè уште мислам на тоа. Секој ден зборувам за тоа и се фалам на сите кои ги познавам. Имам среќа што за мојот живот заработувам на вода. Кога секој ден си во вода гледаш секакви работи и ситуации“ - заклучил тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг