Кирјос се огласи по поразот на Новак: „Медведев е робот, ѕвер...“

Точка

19/08/2019

18:09

1.773

Големина на фонт

а а а

Овој човек баш и не може да си ја гледа својата работа. Рускиот тенисер Данил Медведев го освои Мастерсот во Синсинати и во полуфиналето на турнирот го елиминираше Новак Ѓоковиќ со престврт, иако во првиот сет губеше.

Ник Кирјос едвај ја дочекал таа информација за да ја продолжи “караницата“ со Новак која само тој ја води затоа што Новак досега тоа не го засегало.

За време на полуфиналето Кирјос по пат на социјалните мрежи напишал „Медведев е робот. Ѕвер. Хаха, константноста надвор од граница, премногу добро“ - напишал тој, а сите тоа го виделе како некој вид нова провокација.


Оние кои го сакаат Кирјос на тоа му порачале да го победи Новак, други дека Ѓоковиќ му е голем фан затоа што му ги следи сите натпревари, а трети дека никаде го нема кога Ѓоковиќ ќе победи.

Австралијанецот на Вимблдон “го молел“ Федерер да го победи Србинот што овој по пет часовна игра не успеа во тоа.

Првиот тенисер на светот во текот на целата оваа ситуација изјавил дека секогаш ќе му помогне или ќе го посоветува Кирјос доколку проблематичниот “кенгур“ го праша за совет.




Спонзорирани линкови

Маркетинг