Нови детали од мрачното минато на принцот Ендру: Го угостил педофилот Епстајн и неколку девојчиња во палатата, додека кралицата била тука! Сега се огласил прв пат по скандалот

Точка

19/08/2019

18:04

4.170

Големина на фонт

а а а

Напорите на британскиот принц Ендру да се дистанцира од осудуваниот педофил, Џефри Епстајн, кој неодамна се убил во затворска ќелија на Менхетн, не вродиле со плод.

Напротив, се појавуваат се повеќе докази дека синот на кралицата Елизабета со години се дружел со Епстајн во друштво на малолетнички. 

Така британските медиуми откриваат дека принцот Ендру дури и го угостил милијардерот педофил во Балморал, кралската резиденција, и тоа додека таму престојувала и самата кралица.

Наводно, една од девојките кои се нашле на тоа патување, рекла дека принцот организирал забава кон средината на 1999-та година, кога Епстајн веќе на големо почнал да подведува малолетнички на забавите на богатите.

Снимен бил како ѕирка низ дрвена врата на една вила на Менхетн додека се поздравува со млада бринета која ја напуштила куќата од 69 милиони евра.

Видеото било снимено на 6-ти декември 2010-та година, кога принцот бил во посета на вилата на Епстајн, која многу жртви ја нарекле "куќа на ужасот".

Во меѓувреме, принцот Ендру се огласил прв пат по смртта на Епстајн, иако со нејасно соопштение.

"Војводата од Јорк е згрозен од неодамнешните натписи за наводните злосторства на Џефри Епстан. Принцот Ендру го осудува секое искористување на било кое човечко суштество и навестувањето дека тој одобрувал, охрабрувал или учествувал во такво однесување е одвратно", се наведува во соопштението.

Потсетуваме, Епстајн со години подведувал и сексуално искористувал малолетнички. Додека го чекал судењето се обесил во затвор. Иако се појавиле многу гласини дека во овој случај никако не може да станува збор за самоубиство, патолог објавил официјален извештај со аутопсија потврдувајќи дека Епстајн се самоубил со бесење.

На листата на негови клиенти и познаници има многу познати светски личности, како британскиот принц, но поранешниот претседател Бил Клинтон и сегашниот Доналд Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг