Албанија не е само туристичка дестинација - сè повеќе луѓе ја посетуваат и поради ова

Точка

19/08/2019

18:27

5.221

Големина на фонт

а а а

Албанија не е само популарна туристичка дестинација туку е и на добар пат да стане барана поради ниските медицински услуги, оценуваат албанските медиуми.

Премиерот Еди Рама го поддржува тоа определување и пренесувајќи ги впечатоците од задоволните туристи ја промовира Тирана како престолнина на “убавината и насмевките“, наведуваат од АТА.


„Со насмевките на многубројните туристи кои ја избираат Албанија, не само поради одмор туку и поради посета на стоматолог, ви посакувам убава недела“ - изјавил премиерот Рама.

Медиумите го наведуваат примерот од клиниката „Патување и насмевка“ од Тирана кој им нуди на своите клиенти нега на забите и естетска хирургија кои ги реализираат, како што наведуваат оттаму, најдобрите доктори по цени пониски од конкуренциите.

Туристите кои ја поседуваат Албанија поради медицински причини се од различни страни на светот - Франција, Швајцарија, Белгија...




Спонзорирани линкови

Маркетинг