Од здравствени причини, Јункер не учествува на Г7

Макфакс

19/08/2019

12:58

620

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, нема да присуствува на самитот на Г7 оваа недела од здравствени причини, изјави денеска портпаролката Наташа Берто.

Таа рече дека Јункер имал успешна операција на жолчното кесе во текот на викендот, но лекарите го советувале да не патува.

Таа додаде дека Јункер ќе разговара за прашањата на Г7 пред самитот, со неговите домаќини францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, пренесува АП.

Самитот на Г7 се одржува од сабота до понеделник во Бијариц.




Спонзорирани линкови

Маркетинг