Сара Нетанјаху правела скандал по скандал во Украина: Прво сакала на сила да влезе во кокпитот, а потоа одбила леб и сол и направила нешто неверојатно

Точка

19/08/2019

12:53

2.973

Големина на фонт

а а а

Посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Украина не почнала на најдобар начин, а главниот актер била неговата сопруга Сара, тврдат тамошните медиуми.

Госпоѓата Нетанјаху прво се налутила бидејќи помислила дека капетанот на летот не ја поздравил кога на разглас им се обратил на патниците. 

Станала од своето седиште и тргнала кон пилотската кабина, каде според прописите не и е дозволено да влезе, што дополнително ја налутило сопругата на премиерот.


Инцидентот се завршил така што капетанот на екипажот повторно го поздравил брачниот пар Нетанјаху на летот, 45 минути пред слетувањето во Киев. Тврдел дека брачниот пар го поздравил и пред полетувањето, но дека таа тој поздрав не го слушнала.

После тоа, слетале во Киев, каде им било приредено традиционално добредојде, меѓутоа, уследил нов инцидент.

Парот Нетанјаху бил дочекан од три девојки во народни украински носии со леб и сол.

Додека Бенјамин Нетанјаху го ставил лебот во сол и го изел, Сара земала парче леб и го фрлила на земја.

Снимката подоцна се појавила на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг