Сакаме вистината да биде откриена: Адвокатите на педофилот-милијардер не веруваат дека се самоубил во затворот

Точка

19/08/2019

11:48

1.330

Големина на фонт

а а а

Тројцата адвокати на Џефри Епстајн, кој неодамна беше пронајден обесен во својата затворска ќелија, се сомневаат во официјалните резултати од обдукцијата и планираат да спроведат независна истрага за неговата смрт.

Мартин Г. Вајнберг, РАјд Вајнгартен и Мајкл Милер изразија незадоволство после спроведената обдукција и во рамките на тоа ангажираа приватен патолог за вистината да биде откриена. Според нивните зборови, не смее да се дозволи било кој да настрада во затвор, посебно под неразјаснети околности.

„Неспорно е дека властите ги прекршиле сопствените правила. Не сме задоволни од истрагата на медицинските експерти. Во следните денови ќе имаме повеќе информации“, стои во соопштението на адвокатите.


Да потсетиме, контроверзниот милијардер обвинет за педофилија беше пронајден обесен во затворската ќелија во Њујорк минатата сабота. Обдукцијата набрзо потоа укажа на неколку скршеници во пределот на вратот и немало сомнеж дека Епстајн се обесил.

Сепак, многумина се сомневаат дека милијардерот си го одзел животот затоа што тој бил на специјален режим на следење откако наводно веќе бил сопрен да си го одземе животот.


Џефри Епстајн беше уапсен на 6-ти јули оваа година и обвинет за педоофилија во периодот од 2002-ра до 2005-та година. Тој пред судот порача дека не е виновен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг