Шојгу: Нема да распоредиме нови ракети во Европа, но само под еден услов

Макфакс

18/08/2019

13:16

3.513

Големина на фонт

а а а

Русија нема да распоредува нови ракети се додека САД исто така се воздржат во Европа и Азија, изјави рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, откако Вашингтон се повлече од договорот од времето на СССР за елиминција на оружјето.

САД официјално се повлекоа на 2 август од договорот со Русија за елиминација на нуклеарните проектили со краток и среден дострел, обвинувајќи ја Москва за крешње на тој договор и за разместување на забранети ракети, што пак Кремељ го негира.

Договорот е склучен во 1987 година и со него се елиминирани ракетите со дострел од 500 до 5500 километри.

Русија исто така се повлече од договорот, но Шојгу рекол дека не планира да распоредува нови ракети.