Хаос околу Брегзит: Меркел сака да разговара со Џонсон

Точка

17/08/2019

16:44

2.596

Големина на фонт

а а а

Џонсон рекол дека Велика Британија ќе излезе од Европската унија до 31-ви октомври, "или ќе умре". Ветил дека ќе ја напушти унијата со или без договор.

Германската канцеларка Ангела Меркел сака во блиска иднина да разговара "еден на еден" со новиот британски премиер Борис Џонсон за Брегзит и за други прашања од заеднички интерес, рекол портпаролот на германската влада во Берлин во петокот. 

Состанокот ќе се одржи наскоро, рекол портпаролот Штефен Зиберт, не давајќи датум за средбата.

Двајцата лидери ќе присуствуваат на самитот G7 во Биариц во Франција, од 24-ти до 26-ти август.

Распоредот на Џонсон за самитот ќе биде објавен во понеделник.

Џонсон рекол дека Велика Британија ќе излезе од Европската унија до 31-ви октомври, "или ќе умре".

Ветил дека ќе ја напушти Унијата со или без договор, ако блокот не се согласи со промена на договорот кој го утврдила неговата претходничка Тереза Меј.

Европската Унија одбила да спроведе било какви промени, што создава поголеми стравови во поглед на Брегзит без договор со потенцијално тешки економски и други последици.




Спонзорирани линкови

Маркетинг