Милијардерот педофил пред смртта минал време во друштво на мистериозна жена: Сите се прашуваат која е младата убавица со која се состанал Епстајн

Точка

17/08/2019

11:14

2.925

Големина на фонт

а а а

Осудуваниот педофил Џефри Епстајн минувал часови во "приватна соба" со мистериозна жена откако бил тргнат од листата за надзор поради опасност да изврши самоубиство.

Богатиот финансиер кој бил во затвор под нови обвиненија за подведување и злоставување на малолетнички, извршил самоубиство во својата ќелија во саботата. 

Неколку дена пред смртта тој минал два часа "со млада и убава" жена, открил неименуван извор.

Епстајн наводно му платил на својот правен тим за осум часа да седи со него за да може да излезе од ќелијата. Меѓутоа, изворот не знае која е таинствената жена.

Милијардерот и жената биле сами во собата која се користи за состаноци на затвореници и нивните правни застапници.

Според процедурите, оваа соба се заклучува во текот на состаноците и на затворениците им се вадат лисиците.





Спонзорирани линкови

Маркетинг