Мајли не сака да ги потпише документите за развод: “Нѝ треба пауза”

Точка

16/08/2019

19:07

2.711

Големина на фонт

а а а

26-годишната пејачка Мајли Сајрус не е спремна да ги потпише документите за развод од сопругот Лијам Хемсворт, пренесува “Daily Mail”.

Откако пред неколку дена официјално објавиле дека се разведуваат по само 8 месеци брак, пејачката сепак одлучила да почека со ставање на официјален крај на бракот. Изворот за споменатиот медиум открил дека парот одлучил да “земе воздишка” од бракот, но тоа не значи дека ова е конечниот крај на нивната долгогодишна врска. 


“Моментално се на пауза бидејќи таа им била и повеќе од потребна. Се наоѓаа во лоша ситуација со многу несогласувања. И двајцата се сложиле дека е подобро некое време да бидат раздвоени, но тоа не значи дека нивната врска е целосно готова”, раскажал извор и објаснил дека парот и претходно имал проблеми во односот, но секој пат на крајот се смирувал и токму поради тоа ќе почекаат и со потпишувањето на документите за развод.

Наводно, кавгите помеѓу Мајли и Лијам започнале уште минатата година и тоа поради планирање на деца и желба за проширување на семејството.


“Тој сакаше дете и не сакаше да се откаже од плановите за проширување на семејството, а на Мајли тоа не ѝ паѓа напамет. Срцето му се скрши”, изјавил извор близок до парот и додал дека Мајли не сакала ни да се венча.

Сајрус и Хемсворт се венчаа во тајност на 23-ти декември минатата година во кругот на најблиското семејство и пријателите во нивниот дом во Тенеси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг