Лејла Рамковска: Со вежбањето јога, психофизички сум посилна

Точка

16/08/2019

16:05

10.884

Големина на фонт

а а а

Ако сакате да бидете вечно млади, па дури и кога телото старее, а духот е се уште млад, одличен начин да се надмине таа контрадикторност е вежбањето јога. Ослободување од стресот, негативната енергија и свртување кон себе.

Лејла Рамковска веќе петта година вежба јога, а успеала да ги убеди и нејзините најблиски да го почувствуваат бенефитот. 

За јогата се вели дека е начин на живеење, која е вашата филозофија за неа?

- Во модерно време на брз и стресен начин на живот, во коj се забораваме можеби на кои сме и што не прави среќни и здрави, јогата како секојдневие не успорува и не враќа на самите себе.

Зошто се одлучивте токму за јога и колку време вежбате?

- Се одлучив за јога бидејќи имав проблеми и болки во грбот и вратот. А ја практикувам веќе 5-та година.

Кој е бенефитот што го чувствувате?

- Психофизички сум посилна, но и посмирена.

Со која динамика треба да се вежба за да има резултат?

-Нема правило, може да почнеш и од еден ден во неделата, важно е да почнеш, без притисок, самите ќе си почувствувате потреба од се почесто да биде тоа.

Јогата се практикува и на плажа. Има ли поголем ефект на изгрејсонце и зајдисонце од вежбање во затворен простор?

 - Јогата се практикува секаде, па и кога со затворени очи е пет минути свесно дишење и истегање, и како статично седење во медитација, и како свесно, динамично движење на телото. Секако дека е попримамливо на плажа, или некаде со поглед, меѓутоа на крајот од денот чувството е исто, бидејќи со јога учиме погледот и фокусот да го свртиме внатре во себе.

Успеа ли да им укажеш на твоите блиски на бенефитот од јога, да почнат да вежбаат?

-Успеав да, и сум најсреќна за тоа што делувам мотивационо. Никогаш не ги убедував ниту бев упорна, им оставив време, кој порано кој подоцна, меѓутоа поголемиот број на моето опкружување или веќе практикува или има голем интерес и желба.

Фотографии: Амед Амел

(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг