Скромниот руски пилот кој спасил 233 животи: Не сум херој! Кога сфатив дека ќе се урнеме, ја донесов единствената правилна одлука! Кога сите беа безбедни, ѝ се јавив на неа

Точка

16/08/2019

15:17

16.440

Големина на фонт

а а а

Дамир Јусупов, пилотот кој го спуштил авионот A321 на "Ural Airlines", на прес-конференција раскажал дека донел одлука да го спушти леталото на поле.

Јусупов нагласил дека прво сакал да се врати на аеродромот, бидејќи моторот не можел да продолжи да лета. 

"Но кога видовме дека и другиот мотор престанува со работа, донесов одлука да го слетам авионот пред себе", објаснил тој. Кога сфатил дека авионот неизбежно ќе удри во земја, се обидел да го слета што е можно помеко.

Јусупов ги исклучил двата мотори пред принудното слетување, за авионот да не експлодира.

"Побезбедно е да го слетате авионот без тркала, тие може да се превртат и последиците да бидат уште полоши", ја објаснил Јусупов својата одлука.

Иако спасил 233 патници и членови на екипажот, себеси не се смета за херој. Според неговите зборови - спуштањето на авионот на поле било единственото правилно решение. А кога драмата била завршена, и се јавил на сопругата.

"Излегов, го обиколив авионот, ги погледнав надворешните оштетувања и се уверив дека сите се на безбедна далечина. Се вратив во кабината и од таму и се јавив на сопругата", додал тој. На новинарите им кажал дека хаварии како оваа редовно се вежбаат на пилотски тренинзи.

"Затоа бевме и морално и професионално подготвени. Ние во Екатеринбург имаме тренинг-центар и школа за летање, и благодарение на тие вештини успеавме да го спуштиме авионот", рекол тој.

Вели дека инцидентот не му го "згрозил" летањето, но дека сега му е потребен одмор. Исто така му се заблагодарил на другиот пилот, екипажот и патниците на авионот, и им се извинил што не успеал да ги однесе во Симферопољ, каде што оделе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг