Затвореник во САД егзекутиран на електрична столица

Макфакс

16/08/2019

10:43

1.054

Големина на фонт

а а а

Американски осуденик на смрт, кој се изјаснил дека сака да умре на електрична столица, е егзекутиран доцна синоќа во американската сојузна држава Тенеси.

Смртта на Стивен Вест е прогласена во 19.27 часот, по локално време, во затворот во Нешвил, соопштија локалните власти.

Вест бил осуден на смрт поради двојно убиство пред повеќе од 30 години.

Медиумите пренесуваат дека побарал електрична столица во надеж дека така малку ќе го одложи извршувањето на казната, што се случувало претходно во вакви случаи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг