Манчестер Јунајтед одбил неколку понуди од Барселона за еден од своите најдобри фудбалери, сега му подготвува нов договор….

Дерби

15/08/2019

21:03

2.252

Големина на фонт

а а а

Виктор Линделоф минатата сезона беше најсветлата точка во најсивиот период на клубот кој сезоната ја заврши на шестата позиција на табелата во Премиер лигата.

Шведскиот интернационалец одигра одлична сезона, без многу падови во играта, а сега Солскјер му донесе и стабилен партнер во одбраната во името на Хари Мегваер.

Според „Мирор“, Манчестер Јунајтед подготвува нов договор за Линделоф со којќе го обврзи на соработка во следните шест години, односно до 2025 година. Со новиот договор стоперот би заработувал 150.000 фунти неделно, што е двојно повеќе од тоа што тој го заработува во моментов, 75.000 фунти неделно.

Инаку, за Линделоф постоел огромен интерес од Барселона која испратила неколку понуди до Манчестер Јунајтед во овој преоден рок, но сите биле одбиени затоа што и фудбалерот изразил подготвеност да остане на „Олд Трафорд“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг