Volkswagen повторно игра на картата кабриолет - дојде T-Roc со отворен кров

Супермен

14/08/2019

14:36

434

Големина на фонт

а а а

Долго најавуваниот кросовер-кабрио ќе има светска премиера во септември на франкфуртскиот авто-салон.

Додека многу големи произведувачи на автомобили ги исфрлаат кабриолетите од својата гама поради неисплатливоста, Volkswagen сепак се осмели да им понуди на купците нов модел со отворен кров. Наместо за кабрио верзијата да одбере некој од класичните патнички автомобили, германскиот авто-гигант одлучил како основа за новиот кабриолет да се послужи со компактниот кросовер T-Roc, сметајќи дека купувачите во Европа се повеќе се вртат кон SUV/Crosover моделите. 

VW T-Roc Cabriolet е базиран на стандардниот модел T-Roc, но извршени се значајни дизајнерски и конструктивни модификации. Така меѓуосовинското растојание е зголемено за 37 милиметри, а вкупната должина на возилата за 34 милиметри. Карактеристично за кабриолетите, автомобилот наместо 4 има само 2 врати, а каросеријата е дополнително засилена за да го надомести недостигот на цврст кров.

Volkswagen тврди дека подвижниот платнен кров се спушта или крева за само 9 секунди, а двете операции може да се изведат и додека автомобилот е во движење, но само при брзини до 30 километри на час. Данокот на уживањето во возењето со ветер во коса го платил багажниот простор, кој во однос на стандардниот T-Roc е намален за 161 литар и кај кабриолетот изнесува 284 литри.

На купувачите на почетокот ќе им бидат на располагање две моторски опции. Базичниот бензинец е 3-цилиндричен 1.0 TSI со 115 коњски сили, а тука е и 1.5 TSI со 4 цилиндри и 150 коњски сили. Помоќниот модел ексклузивно доаѓа со 7-степенски автоматик со двоен кумплунг, додека 3-цилиндричниот е искомбиниран со 6-брзински мануелен менувач.

Во понудата ќе има два дизајнерски пакети, Stule и поспортскиот R-Line.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk