Српски Курир: Боки 13 кажал во полиција дека ако го убијат, доказите против Заев се кај неговата мајка

Точка

09/08/2019

23:48

7.407

Големина на фонт

а а а

Утрешната насловна страница на српски Курир пренесува што наводно кажал Бојан Јовановски во полиција кога бил уапсен.

- Ако ме убијат, доказите против Заев се кај мојата мајка, гласи насловот на утрешниот Курир.

На фотографиите на насловната страница, Боки 13 може да се види со неговата мајка, како и со премиерот Зоран Заев и со Катица Јанева.

Понатаму медиумот на насловната страница пренесува дека Боки Јовановски се заканил:

- Ако ме обесите и се обидете тоа да го прикажете како самоубиство, ако овде ме тепате, ме мачите, застрашувате, убаво сега ви кажувам, да не биде дека не сте знаеле, никој нема да биде поштеден.




Спонзорирани линкови

Маркетинг