“Имам 74 години и се чувствувам проклето феноменално”: Хелен Мирен е мајстор во уживање во животот, а нејзините зборови се важна лекција

Кармин

06/08/2019

11:06

3.516

Големина на фонт

а а а

Во денешно време сме навикнати на теророт на младоста и пластичната убавина, но актерката Хелен Мирен е доказ дека може и поинаку – со помош на работа, став и достоинство.

Таа не се плаши да го каже она што го мисли, а ова се само некои од нејзините највпечатливи цитати кои ќе ве инспирирааат да бидете послободни и свои. 

1. Сега кога имам 70 години, она што би ја посоветувала младата Хелен Мирен е да кажува: “Изгуби се!” почесто.


2. Сè уште го имам тоа чувство за авантура. Мислам дека не сум спиела во ист кревет подолго од три или четири месеци целиот мој живот. Секогаш садам зеленчук чии плодови на крајот не ги јадам и цвеќе кое не го гледам како цвета. Се селам низ целиот свет.

3. Целата таа работа околу облекувањето е луда. Можете да потрошите еден долар на јакна во некој мал бутик и можете да потрошите илјада долари на јакна во мега продавница. И кога ќе ги видите овие две јакни некаде на улица, веројатно нема да знаете која од каде е купена.

4. Најтешкиот период во животот се 20-тите години, а тоа е таква штета бидејќи тогаш сте најпрекрасни и физички во најдобра кондиција. Но, тоа е исто така и период кога сте најнесигурни и полни со сомнеж во себе. Застрашувачки е кога не знаете што ќе ви се случи.

5. Јас сум тип на личност која се облекува во продавница за користена облека, но отвора шише шампањ.


6. Мислам дека секоја жена во нашата култура е феминистка. Можеби одбива да се изјасни на тој начин, но доколку земете било која жена, ја вратите 40 години назад и ја прашате: “Дали е ова светот во кој би сакала да живееш?”, таа би одговорила: “Не!”.

7. Чудна е таа работа, ви станува сè поудобно во вашата кожа, дури и кога времето ви дава сè помалку причини за тоа. Кога сте млади и убави, вие сте параноични и кутри. Мислам дека тоа е една од најголемите предности на стареењето – се ослободувате од некои работи.

8. Моите 40-ти години беа добри. 50-тите – одлични, 60-тите – фантастични. А 70-тите се проклето феноменални.

9. Целиот свој живот сум гледала 16-годишни девојчиња кои си ја продаваат својата убавина, затоа мислам дека е неверојатно тоа што сега жените од 70 години рекламираат производи за жени од 60 до 80 години.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk