МВР: Ригорозно ќе реагираме на сите обиди за нарушување на јавниот мир за Илинден

Макфакс

01/08/2019

12:55

825

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи повикува на достинствена прослава на празникот Илинден, како што доликува на чествување на така значаен датум од нашата историја.

Министерството апелира до граѓаните, особено оние што ќе присуствуваат на организираните прослави, да го почитуваат јавниот ред и мир. Полицијата, согласно законските обврски и надлежности, ригорозно ќе реагира на сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир и сигурноста на граѓаните.

Со начинот на кој ќе го прославиме овој голем ден, достоинствено и чесно да покажеме дека ја почитуваме историјата и ја сакаме сопствената татковина, се додава во апелот.