Костадинов: Дали Мицкоски отиде кај Груевски за да бара совети како да го спречи Законот за попис?

Макфакс

31/07/2019

13:15

894

Големина на фонт

а а а

Владејачакиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, по посета на Христијан Мицкоски во Унгарија, каде оствари средба со унгарскиот премиер, Виктор Орбан, праша дали Мицкоски заминал во Будимпешта за да се сретне со бегалецот Никола Груевски.

„Дали Мицкоски отиде кај Груевски да бара совети како да го спречи Законот за попис? Отиде ли Микцоски кај Груевски да добие совети како да ја спречи правдата и уште посилно да го брани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ? Дали Мицкоски отиде кај Груевски за овој да го подучи како да шири, лажни вести национализам и омраза меѓу граѓаните? Дали Мицкоски од Груевски добил инструкции како да продолжи со деструкцијата и обидите да го закочи напредокот во интеграциите на државата кон ЕУ и НАТО?“, праша на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Портпаролот додаде дека „единствениот криминален октопод е сместен во Будимпешта и неговата глава е Никола Груевски, а неговите пипци се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“.

„Мицкоски не е ништо друго освен послушник и извршител на наредбите на осудениот криминалец во бегство, Никола Груевски. Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ раководена од Будимпешта. Од белиот дворец нема ниту една позитивна мерка, само лажни вести, деструкција и одбрана на криминалот“, рече Костадинов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг