Се огласи Матијас, братот на Пол Погба: Ќе оди во Реал Мадрид…

Дерби

28/07/2019

12:50

2.781

Големина на фонт

а а а

Трансфер сагата поврзана со заминувањето на Пол Погба од Манчестер Јунајтед ќе потрае уште извесен период.

Јасно е дека фудбалерот сака нов предизвик, но уште појасно е дека Манчестер Јунајтед нема да го пушти да си замине по секоја цена.

Заинтересирани за услугите на Погба се Реал Мадрид и Јувентус, а во моментов поблиску до негов ангажман е „кралскиот клуб“.

Со свој коментар во јавноста се јави и братот на Пол, Матијас Погба кој следната сезона исто така ќе ја помине во Шпанија откако потпиша договор со тимот на Манчего кој игра во четвртата шпанска лига.

– Секогаш го сакам најдоброто за него. Тој ќе оди во Реал Мадрид ако верува дека тоа е најдобро за него. Јас не дојдов во Шпанија поради можноста да сме блиску со мојот брат, туку затота што ми се допадна проектот на Манчего и верувам во него. Фудбалот во Шпанија е најдобар, а тоа е важно за мене и за мојот брат. Во Реал е Зидан кој е професор за фудбалот. Идол од детството и важен човек во Франција. Добро е што тој е таму и што одлично ја започна неговата кариера, тој е пример за многу фудбалери, -истакна Матијас Погба во интервју за шпанскиот медиум „АС“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг