„ЕСПН“со ексклузива: Во Реал Мадрид убедени дека ќе го обезбедат потписот на Погба

Дерби

27/07/2019

14:16

1.589

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите светски спортски медиуми „ЕСПН“ пренесува дека во таборот на Реал Мадрид се убедени дека ќе го обезбедат потписот на Пол Погба до крајот на преодниот рок.

„Кралскиот клуб“ веќе потроши над 300 милиони евра на нови засилувања, а за францускиот фудбалер ќе мора да плати минимум 150 милиони евра.

Раиола притиска на заминување на Погба од Манчестер Јунајтед, меѓутоа англискиот клуб нема да попушти се додека не им се исплати сумата која тие ја бараат.

Со заминувањето на Бејл од Реал Мадрид ќе се отвори простор за поголема плата за Погба, меѓутоа клубот се уште нема да има доволно пари за да ги плати бараните 150 милиони евра.

До крајот на преодниот период во Англија остануваат уште 13 дена, а доколку дотогаш не се реализира трансферот, Манчестер Јунајтед тешко дека би го пуштил својот фудбалер со оглед на фактот што нема да може да му донесе достојна замена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг