Илиевски се пожали и во Мисијата на ЕУ: Им објаснив како се плаќаат интелектуални услуги кај нас додека функцијата мирува

Макфакс

26/07/2019

14:30

790

Големина на фонт

а а а

Просветниот инспектор, Ѓорѓи Илиевски, кој беше деградиран на пониска позиција, откако откри дека тројца функционери на ДУИ незаконски биле унапредени и добивале пари за интелектуални услуги од тетовскиот универзтиет, утрово беше на разговор во Мисијата на Европската унија во Скопје.

Илиевски за „Макфакс“ по разговорот рече дека разговарал со раководителот на секторот за образование во ЕУ Инфо центарот.

„Ги запoзнав со случајот и со целокупната состојба во која се наоѓа образованието кај нас“, рече Илиевски.

„Им објаснив како се унапредува кај нас и како се плаќаат интелектуални услуги во исто време додека функцијата мирува. Таква европска пракса да ти мирува функцијата, да те унапредуваат нема“, рече Илиевски.

За Илиевски беше поокрената дисциплинкса постапка поради тоа што тој ги обелодени незаконските унапредувања на тројцата државни функционери, министерот за образование и наука, Арбр Адеми, заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули на државниот универзитет во Тетово.



Спонзорирани линкови

Маркетинг