Героски: Секое грне си наоѓа капаче, а „капачето” на Заев го слушнавме денеска

Нетпрес

24/07/2019

17:11

5.813

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека нема да го прими на средба новинарот Бранко Героски, кој во серија колумни пишуваше за рекетот врз македонски бизнисмени, сега веќе оформен случај од Јавното обвинителство.

Героски преку колумна насловена како „Секое грне си наоѓа капаче – денеска го видовме „капачето” на Заев!“ му реплицираше на премиерот.

Не ми пречи неспремноста на Заев со мене да оствари средба и разговор за една значајна тема, која нема врска со истражните органи. Тоа си е негова легитимна одлука. Моето барање беше искрено и културно адресирано. На крајот на краиштата, секој избира со кого сака да разговара. Секој избира со кого му врви муабетот. Секое грне на крајот си го наоѓа своето капаче. „Капачето” на Заев го видовме и го слушнавме денеска. Ме изеде туѓиот срам…, пишува Героски.

Целата колумна можете да ја прочитате на Плусинфо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг