Возбудениот Елмас излезе со прва изјава како играч на Наполи

Дерби

24/07/2019

14:51

2.448

Големина на фонт

а а а

Елиф Елмас ова утро им се приклучи на новите соиграчи во тренинг центарот Димаро и официјално ги започна подготовките за новата сезона како член на Наполи, клуб кој се покажа како најистраен во намерата да го доведе македонскиот фудбалски бисер за кој беа заинтересирани и други европски великани.

Елмас ги мина медицинските прегледи и сега следи процесот на запознавање со новите соиграчи и со новата средина, пред да дојде на ред најголемиот тест во неговата играчка кариера, односно настапите во Серија А како член на тимот кој секоја година има огромни амбиции.

– Навистина сум многу среќен и возбуден што ќе играм за Наполи. Ова е мојата голема шанса, ова е предизвик во кој на сите треба да им покажам колку сум добар, – порача 19-годишниот Елмас за „Кориере дело Спорт“ што воедно е прва негова изјава како играч на Наполи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг