Солскјер откри како се однесува Погба на подготовките и демантираше една клучна работа

Дерби

24/07/2019

12:58

1.043

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед освен носењето на нови фудбалери ќе треба да се соочи и со еден голем предизвик во овој преоден рок, како да го зачува Пол Погба.

Засега тоа им оди од рака затоа што Погба се уште е во клубот и тренира со останатите фудбалери, а на пријателските натпревар покажува дека и тоа како ќе биде посветен на клубот доколку остане на „Олд Трафорд“.

Некои медиуми го пренесоа токму спротивното, дека Погба не е среќен на подготовките, но тоа го негираше Солскјер на денешната прес конференција одржана во Шангај.

– Нашите фанови знаат што Пол му даде на овој клуб и што уште ќе ни даде. Секако дека има мала група која го негира тоа, но можам да ви кажам дека Пол навистина се издвојува од групата. И јас и останатите фудбалери можеме да го просведочиме тоа, воопшто немаме ниту една секунда проблеми со него. Благодарни сме што тој игра како што знае и умее, - истакна Солскјер кој очигледно има намера да го гради тимот околу играчот од средниот ред.



Спонзорирани линкови

Маркетинг