„Ѓаволите“ не оставаат ништо на случајност: Веќе ја договориле замената за Пол Погба

Дерби

24/07/2019

12:56

1.195

Големина на фонт

а а а

Трансфер сагата поврзана околу преминот на Пол Погба во Реал Мадрид со сигурност ќе трае до самиот крај на преодниот рок.

Не е тајна дека францускиот фудбалер сака да си замине од Манчестер Јунајтед, но јасно е дека англискиот клуб нема да го пушти својот најдобар играч да си замине по секоја цена.

„Ѓаволите“ за него бараат околу 130 милиони фунти, сума која од Реал Мадрид и Јувентус одбиваат да ја платат.

Сепак, од таборот на Манчестер Јунајтед, барем како што пишува „Ла Република“ начелно го договориле ангажманот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ кој би пристигнал во клубот само ако Погба си замине.

Според овој медиум, Јунајтед ќе исплати 75 милиони евра на Лацио за српскиот интернационалец кој пак би добил петгодишен договор.

Весникот базиран во главниот град на Италија пишува дека Лацио се согласил на оваа понуда, па сега се чека само да се види дали Погба ќе си замине од клубот ова лето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг