Пандев со кратка порака го одбележа големиот трансфер на Елмас во Наполи

Дерби

24/07/2019

11:59

1.204

Големина на фонт

а а а

Елиф Елмас во секој момент се очекува да биде официјално претставен како ново и звучно засилување на Наполи, трансфер кој дефинитивно предизвика огромно внимание во Турција, но и во Италија од каде пристигнуваат само позитивни пораки за македонскиот фудбалски бисер од кого сите очекуваат да блесне на „Сан Паоло“.

Елмас ќе има одлична шанса да напредува во кариерата под тренерската палка на легендарниот Карло Анчелоти, но што е најважно, сега редовно ќе има далеку поголема и поквалитетна конкуренција, предуслов кој дефинитивно ќе му помогне да прерасне во фантастичен фудбалер. Суперталентираниот македонски фудбалер добива исклучително позитивни коментари од цела јавност на Апенините, а сега пристигна и кратка порака од човекот кој добро го познава офанзивниот играч за врска, Горан Пандев.

Македонскиот капитен е нашиот играч кој има најголем стаж во Серија А, па не заборави да го одбележи големиот трансфер на Елмас, посакувајќи му среќа на својот млад колега од репрезентацијата.

– Среќно мајсторе, – порача Гоче на Инстаграм.




Спонзорирани линкови

Маркетинг