Џонсон му понуди министерско место на својот ривал, но Хант одби

Макфакс

24/07/2019

11:16

842

Големина на фонт

а а а

Новиот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон, му понуди на својот ривал, досегашниот министер за надворешни работи, Џереми Хант, функција министер за одбрана.

Џонсон денеска од британската кралица Елизабета Втора треба да добие мандат за премиерската фунцкија.

Британски „Скај“ пренесе дека Хант, кој вчера од Џонсон ја загуби трката за нов лидер на Конзервативната партија, ја одбил понудата.

Како што е најавено, Џонсон по преземањето на должноста ќе почне со собирање нови членови на кабинетот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг